More

    Ќе се пресметува од почетокот до крајот на грејната сезона

    spot_img

    Министерството за економија ја одреди највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало во висина најмногу до 10 отсто, како нова мерка за полесно справување со енергетската криза.

    Министерот за економија Крешник Брктеши на денешната конференција по одржаниот брифинг со новинарите, појасни дека ваквата одлука следи откако е утврдено дека одредени компании и јавни институции, средни и основни училишта немаат склучено никаков договор за снабдување со електрична енергија и купуваат електрична енергија од снабдувач во краен случај.

    Како што истакна министерот, тие непотребно прават трошоци и штета на сметка на буџетот на институциите со кои раководат и плаќаат многу поскапа цена на електрична енергија која се премсетува според Регионалната унгарската берза ХУПЕКС.

    -За жал овие субјекти непотребно го трошат буџетот било тоа да се на локалната самоуправа или на одредена општина каде што се тие основни и средни училишта или пак на централно ниво, бидејќи тие средства може да се користат за инвестици за подобрување на условите, а тие од јануари се до денеска не ги имаат склучено договорите и плаќаат околу 50 отсто поскапа електрична енергија од тоа што е на берзите. Затоа ние како Влада одлучивме да донесеме вакви измени, а дополнително ќе побараме извештаи кон почетокот на октомври за тоа колку се штеди електрична енегија и од овие институции и тоа дали ги склучиле соодветно договорите, се со цел да придонесат во ублажување на енергетската криза, а дополнително да не го трошат неодговорно буџетот на граѓаните – изјави Бектеши.

    Согласно одлуката од Влада новата маржа треба да започне да се применува пред отпочнување на грејната сезона и да важи до 15 април 2023 година.

    Министерот информира дека дополнително е донесена и препорака која веќе се применува од регулаторната комисија за енергетика и со која се намалува маржата која што ја пресметува крајниот снабдувач за субјектите кои немаат склучено договор со снабдувач.

    -Регулаторната комисија за енергетика направи измена на Правилникот за снабдување со електрична енергија во краен случај каде што е намалена маржата која ја пресметува крајниот снабдувач од 50 отсто на 20 отсто – истакна Бектеши.

    Според одлуката на Владата пазарот на електрична енергија на големо вклучува пазар со билатерални договори, организиран пазар и тоа пазар ден однапред и пазар во тековниот ден, и пазар на балансна енергија.

    Додека учесници на пазарот на електрична енергија на големо се производителите на електрична енергија, трговците со електрична енергија, снабдувачите со електрична енергија, потрошувачите на електрична енергија што ги исполнуваат условите за самостојно учество на пазарот пропишани во правилата за пазар на електрична енергија, операторот на електропреносниот систем, операторот на електродистрибутивниот систем, операторот на затворениот електродистрибутивен систем и операторот на пазар на електрична енергија.

    Бектеши исто така, најави дека Министерството ја разгледува опцијата за склучување договор со Србија според кој двете држави ќе можат взаемно да отстапуваат одредени количини на електрична енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img