More

    Аргентински ТВ-водител отвори шампањско и го изненади светот со својата дрскост

    spot_img

    Додека цел свет жали за смртта на британската кралица Елизабета, ТВ-водител во Аргентина отвори шампањско среде емисија и ги шокираше гледачите, пишува Мондо. Покрај сините и белите ленти во знамето на Аргентина и сендвичите кои тој ги јадеше, на екаранот позади него се огласи гнасна порака:

    „Старата вреќа со г*мна е мртва“.

    Кунео ја објави веста за смртта на кралицата Елизабета Втора со огнени зборови, објавувајќи дека „старата кретенка е мртва. Засекогаш е завршено со неа. Силен аплауз за Сатаната кој конечно ја зеде“.

     

     

    Контроверзната објава на аргентинскиот новинар брзо стана вирална во Аргентина, а на Твитер почна да се појавува хаштагот #Cuneoalmediodia. Многумина на Твитер се пошегуваа дека Кунео е „најкул Аргентинец“ и дека имал подготвено шампањ во фрижидер за таквата објава.

    „Кој би помислил дека всушност тој имал подготвен шампањ во фрижидер. Патриоту!“, се пошегува еден корисник на Твитер.

    „Кунео го претставува просечниот Аргентинец денес“, напишал друг.

    „Ако има ирски пабови во Аргентина, прославата ќе биде интензивна таму“, се пошегувал трет.

    Многумина во Аргентина го критикуваа лошиот вкус на Кунео и ги критикуваа оние кои го поддржуваат неговиот настап:

    „Јас сум Аргентинец и овој човек не ме претставува. Жал ни е за оваа загуба“, напишал еден твитерџија.

    Аргентина и Британија водеа жестока војна за Фолкландските Острови во 1982 година, каде што Аргентина на крајот загуби откако тогашната британска премиерка Маргарет Тачер испрати флота бродови да ѝ го вратат островот на круната.

    Но, и покрај минатите конфликти, Министерството за надворешни работи на Аргентина ѝ оддаде почит на покојната кралица, велејќи дека аргентинската влада го изразила своето „жалење“ за смртта на кралицата Елизабета Втора и „стои рамо до рамо со британскиот народ и нејзиното семејство во овој момент на тага“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img