More

    Европскиот совет целосно го суспендираше договорот за визно олеснување со Русија

    spot_img

    Европскиот совет донесе одлука за целосно суспендирање на договорот за визно олеснување меѓу ЕУ и Русија, соопшти тоа тело. Соодветно на тоа, општите прописи на визниот законик ќе важат за руските граѓани.

    Ова ќе резултира со зголемување на таксата за виза од 35 на 80 долари, потреба од поднесување дополнителни документи како доказ, зголемување на времето за одлучување и построги правила за издавање визи за повеќекратни влезови, се вели во соопштението.

    „Договорот за визно олеснување обезбедува привилегиран пристап до граѓаните на ЕУ од доверливи партнери со кои ги споделуваме истите вредности. Со неиспровоцирана и неоправдана агресија, вклучително и нејзините неселективни напади врз цивили, Русија ја изневери таа доверба и ги погази основните вредности на нашата меѓународна заедница. Денешната одлука е директна последица на дејствијата на Русија и дополнителен доказ за нашата непоколеблива посветеност на Украина и нејзиниот народ“, изјави Вит Ракусан, министер за внатрешни работи на Чешката Република, која во моментов претседава со ЕУ.

    Се очекува оваа одлука да биде објавена во Службениот весник на ЕУ на 9 септември, а истиот ден да стапи во сила, а да се применува од 12 септември, се вели во соопштението на Европскиот совет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img