Научниците тврдат дека развиле апликација за мобилни телефони која може со висока прецизност да открие инфекција со Ковид-19 преку гласовна анализа. Тоа е всушност модел на вештачка интелигенција (AI) со 89% точност, кој е достапен и може да се користи во земјите со низок приход каде што PCR тестовите се скапи. Резултатите се добиваат за помалку од една минута, а експертите кои ја изработиле апликацијата наведуваат дека таа има посигурни резултати од некои брзи тестови (тест на страничен проток).
Како работи апликацијата
Со оглед на тоа што инфекцијата со Ковид обично ги погодува горните дишни патишта и гласните жици, научниците одлучија да ги анализираат промените во гласовите на луѓето користејќи модел на вештачка интелигенција.
„Овие ветувачки резултати покажуваат дека алгоритам за вештачка интелигенција и снимање на глас може да се користат за со голема прецизност да се одреди кој пациент е заразен со Ковид“, рече Вафаа Аљбави од Универзитетот во Мастрихт во Холандија, како што пренесува Sky News.
„Ваквите тестови можат да бидат бесплатни. Покрај тоа, тие овозможуваат далечинско, виртуелно тестирање и обезбедуваат резултати за помалку од една минута. Може да се користат, на пример, на влезот на некои големи собири бидејќи овозможуваат брз преглед на посетителите“, додаде таа.
Технологијата е развиена врз основа на податоците од апликацијата COVID19 Sounds на Универзитетот во Кембриџ, односно на 893 аудио примероци од 4352 здрави и болни луѓе. Испитаниците дале информации за нивната медицинска историја и изјавиле дали се пушачи и потоа снимиле звуци на дишните патишта; како кашлање и читање кратка реченица.
Методот за гласовна анализа наречена Мел-спектрограм последователно идентификуваше различни карактеристики на снимената содржина.
Дали има поголема чувствителност од тестот за латерален проток?
„Резултатите покажуваат значително подобрување во точноста на дијагностицирањето на Ковид-19 во споредба со најсовремените тестови како што е тестот за латерален проток“, рече Аљбави.
„Тестот на страничен проток има чувствителност од само 56%, но стапка на специфичност од 99,5%. Ова значи дека тестот за латерален проток почесто лажно ќе ги означува заразените лица како негативни отколку нашиот тест. Со други зборови, со моделот AI LSTM можеме да пропуштиме 11 од 100 заразени луѓе кои би продолжиле да ја шират инфекцијата, додека тестот за латерален проток би пропуштил 44 од 100 случаи“, додаде таа.
Чувствителноста на тестот покажува колку точно може да ги идентификува заразените со Ковид, додека специфичноста се однесува на правилната идентификација на оние кои го немаат. Специфичноста е обично повисока од чувствителноста. Со други зборови, луѓето имаат поголема веројатност да имаат лажен негативен отколку лажно позитивен тест.