Од хотелот бара отштета од 42.000 евра бидејќи била тешко болна од корона вирусот

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
 Судска постапка за отштета поради ширење на коронавирусот во ски-центарот Ишгл пред добри две и пол години сега се води и против претставници на туристичкиот сектор. Во петок, на 9 септември, Окружниот суд за граѓанско право во Виена ќе го одржи првото рочиште за случајот во кој не беше тужена само Република Австрија, туку и хотелиер од тој алпски град во Тирол. Германката, чии лични податоци не се дадени, бара отштета од 42.000 евра откако отиде на одмор во Ишгл во март 2020 година и таму се разболе од Ковид-19. Според Здружението за заштита на потрошувачите, кое ја поддржува оваа и други тужби, хотелот наводно погрешно ја информирал жената за веќе постоечкиот ризик од заразување со коронавирус. Окружниот суд во Виена ги отфрли сите претходни тужби во кои беше тужена и Република Австрија за „незнаење како да се справи со Ковид-19 и придонесе за ширење на коронавирусот во Европа“. Сепак, се уште постои надеж за обештетување на жртвите од корона од Ишгл бидејќи апелациониот суд во Виена поништил 25 од тие одлуки и ги вратил во првостепена постапка, пренесува магазинот Феникс. Следете N1 преку апликации за Android | iPhone/iPad и социјалните мрежи
Share This Article