More

    Принцот Чарлс ја стави круната на глава по смртта на кралицата Елизабета

    spot_img

    Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст, што значи дека принцот Чарлс официјално е крал Чарлс.

    И покрај фактот дека крунисувањето на кралот Чарлс нема да се случи во слендите неколку месеци, тој стана крал во моментот кога почина кралицата Елизабета. Доколку одлучи да го задржи името Чарл, тој ќе биде крал Чарлс Трети.

    Чарлс помина седум децении како прв во редот за тронот – најдолготрајниот наследник во британската историја. Сега, тој конечно стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

    – Целиот негов живот го подготвуваше за оваа улога, изјави кралскиот коментатор Кристофер Ворвик за Скај Њуз. – Она што треба да го избегнува, што кралицата го правеше прекрасно, е контроверзност.

    – Тој не може да се гледа како шеф на држава кој се меша во политиката – тоа е патот до катастрофата, оценува кралскиот коментатор.

    Чарлс е роден во Бакингемската палата на 14 ноември 1948 година, за време на владеењето на неговиот дедо Џорџ VI.

    Непосредно пред полноќ на оградите на палатата беше објавена веста дека принцезата Елизабета родила син по име Чарлс Филип Артур Џорџ.

    Неговиот татко, војводата од Единбург, не бил присутен на породувањето, а наводно се одлучил наместо тоа да игра сквош со пријател.

    Чарлс ја прекрши кралската традиција кога веднаш отиде на универзитет по неговото А-ниво, наместо да се приклучи на вооружените сили.

    Студирал археологија и антропологија во првата година на Кембриџ, пред да се префрли на историја до крајот на своето дипломирање.

    Во 1969 година, Чарлс формално ја доби титулата најтесно поврзана со него, Принцот од Велс, откако помина еден мандат на универзитетот во Абериствит каде научи да зборува велшки.

    Тој стана првиот престолонаследник со универзитетска диплома кога му беше доделена 2:2 од Кембриџ во 1970 година.

    Кралот Чарлс вечерва ѝ оддаде почит на својата мајка

    „Смртта на мојата сакана мајка, нејзиното височество Кралицата, е момент на најголема тага за мене и за сите членови на моето семејство“, се наведува во соопштението од кралското семејство во име на Чарлс, новиот крал на Обединетото Кралство.

    „Длабоко жалиме за смртта на  омилениот суверен и многу сакана мајка. Знам дека оваа загуба длабоко ќе се почувствува низ целата земја, кралството и Комонвелтот и кај безброј луѓе ширум светот. Во овој период на жалост и промени, моето семејство и јас ќе најдеме утеха во тоа што знаеме колку длабока беше почитта и наклонетоста за кралицата“, се наведува во соопштението од кралот Чарлс Трети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img