Претседателот Стево Пендаровски вечерва изрази сочувство за смртта на Кралицата Елизабета Втора.
– Изразувам најдлабоко сочувство за смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II.
Нејзината доживотна определба да му служи на народот, посветеност и лидерство дури и во најтешките мигови, ќе бидат трајна инспирација за новите генерации“, напиша Пендаровски на својата официјална Фејсбук страница.