Еден од најпрогресивните германски католички бискупи ја нарече хомосексуалноста „Божја волја“, велејќи дека се предомислил за ова прашање.
„Хомосексуалноста не е Божја вина, туку Божја волја, исто како и самото создавање“, изјави бискупот Хелмут Дизер за Christ & Welt.
„Да, мојот став се промени“, додаде тој.
Католичката црква ја смета хомосексуалноста за грев. Според Црквата, да се биде геј не е кривично дело само по себе, туку хомосексуалниот чин е.
Конгрегацијата минатата година одлучи дека на католичките свештеници не им е дозволено да го вршат обредот на благослов на хомосексуални партнерства.
Дизер рече дека е свесен дека Рим сè уште ја смета хомосексуалноста за грев, додавајќи дека овој концепт е сомнителен.
„Кога станува збор за љубовта, таа љубов која е еротска форма, кога телото станува израз на таа љубов и нејзиниот јазик, тогаш мислам дека љубовта не може да биде грев“, рече владиката.
„Дали свештеникот благословува хомосексуални парови е лична одлука на секој свештеник“, смета Дизер.