Портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ, Шкодран Никчи, за косовските медиуми потврди дека од утрово во пет општини во тек е полициска акција против неовластено внесување и продажба на оружје, како и одгледување наркотични растенија. Акцијата се спроведува во општините Пеќ, Исток, Клина, Србица и Митровица.
„Основното обвинителство во Пеќ Одделот за тешки кривични дела денеска спроведува акција во пет општини. Во тек е претрес на 13 локации, каде во исто време има акција на локација за која постои сомневање дека има плантажа со канабис.
На одредени локации се одземени и оружје, пари, телефони и други докази за кривични дела“, рече Никчи.