Русија ќе престане да испорачува нафта и гас за западните земји доколку тие воведат ограничувања на цените на руските енергетски производи, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Владимир Путин посочи дека Русија ќе престане да испорачува нафта и гас доколку им се воведат ограничувања на цените.
Тој го изјави ова во говорот на Источниот економски форум во Владивосток, во кој исто така посочи дека Русите не изгубиле ништо со инвазијата на Украина, пренесува Си-Ен-Ен.