Скоро во исто време откако беа договорени преговорите меѓу Украина и Русија во Белорусија, балистички ракети од типот „Искандер“ биле лансирани од Белорусија кон Украина, пишува Би-Би-Си.
Антон Герашченко го објави видеото на Фејсбук.
„Искандерите беа лансирани против Украина од околината на Мозир“, напиша тој. „Дали тоа значи дека тие некаде донесоа смрт? Значи, вакво е примирјето што го имаме?“, изјави тој.
Нападот доаѓа како изненадување по гаранциите на Лукашенко дека на утрешната средба патот на украинската делегација кон границата кај реката Припјат, каде ќе се преговара, ќе биде обезбеден, односно дека тој „ќе се погрижи сите авиони, хеликоптери и ракети стационирани во Белорусија да останат на теренот“.