More

    Сестрата на Северина тврди дека пејачката под дејство на дрога може да го повреди синот

    spot_img

    Маријана Вучковиќ Поповиќ вели дека Северина мора да побара стручна помош за да се спаси и себеси и другите, а проговори и за незаконските активности со кои се занимава нејзината сестра со години, за местењето и малверзациите кои ги фалсификувала кон нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ, што му правела на нејзиниот поранешен сопруг Игор Којиќ…

    Сестрата на пејачката Северина Вучковиќ, Маријана, по големата расправија, за првпат проговори за деталите од страшниот конфликт, па ја обелодени позадината на агресивното однесување на пејачката, а сега тврди дека може под дејство на опијати да му наштети на синот Александар или да крене рака на себе, пренесува „Република“.

    – Многу хрватски медиуми објавија невистини за тоа кој кого нападнал. Северина мене или јас неа. Ова што го кажувам е демант бидејќи вистината во овој случај е сосема поинаква. Северина почна да покажува која е и што е кога го нападна патријархот Порфириј. И порано имаше несогласувања помеѓу нас. Веројатно ќе и се појават и разголени слики бидејќи мора да го почитува тоа што одредени служби и наредуваат.

    Во сведоштвото, следува обвинување кое е сериозно.

    – Таа е зависник од дрога, тоа треба да го знаете. Таа на социјалните мрежи пишува: „Љубовта се враќа со љубов“. Каква љубов ѝ се враќа? Јас сум жртва и моите адвокати ќе го докажат тоа. Таа имаше можност цел ден да ме праша дали има нешто што ја повредило од моја страна. Тогаш дојди да седнеме убаво и јас ќе ти го кажам својот став, а не да ми упаѓа ноќе во 1 часот. Ако сме сестри, не мора околу се да се согласуваме“.

    – Никогаш не ги поддржував работите што ги прави. За некоја година, нејзиното дете ќе го чита сето ова. Ова е обид за убиство, мене ме повреди и притоа ја молев да повика Брза помош, таа не сакаше. Имав стар број, не можев да ги добијам. Таа е во состојба да направи сè, ниту семејството, ниту синот, ниту мојата ќерка, ниту мајката не и се свети. Таа под дејство на дрога може да му наштети и на своето дете.

    – Сестра ми е психички сомнителна. Потребна ѝ е психолошка поддршка и треба да оди на лекување од наркотици. Ако сега е можно да се прекине сето тоа, тоа ѝ го порачувам и сакам. Подготвена сум таа да ме тужи. Таа е несреќна во сите тие милиони. Ќе мора преку крвна слика да докаже дека не зема наркотици.

    Таа потоа објасни со какви активности се занимава Северина, а јавноста воопшто не знае за тоа.

    – Има список на кој се наоѓа мојата сестра, а каде има луѓе кои перат пари. Списокот постои, го објавија мои колеги во светот, но во Хрватска и Србија никој не се занимаваше со него. Се онесвестив кога го видов членот на моето семејство.

    – Кога го имавме последниот конфликт, ја известив полицијата за нејзиното убиствено однесување. За неа Милан Поповиќ е криминалец, а во деведесетите пееше на свадбата на најголемиот криминалец за пари. Мојата сестра е подготвена да направи се за пари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img