Во земјава се регистрирани нови 179 лица позитивни на коронавирусот

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за здравство информира дака се регистрани 179 нови случаи на ковид-19, нема починати лица како последица на вирусот, а пак како оздравени се водат 175 пациенти.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени се 977 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на ковид-19: Скопје – 97, Кавадарци и Велес – по 9, Битола и Прилеп – по 8, Куманово и Берово – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Кратово – 3, Охрид, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 2, Кичево, Струга, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (179), регистрирани се 57 реинфекции.

Регистрирани сe 175 оздравени пациенти од: Скопје – 93, Битола – 19, Прилеп и Кавадарци – по 12, Куманово – 11, Гевгелија – 5, Гостивар – 4, Велес, Струмица, Крива Паланка и Кратово – по 3, Кочани – 2, Тетово, Охрид, Кичево, Ресен и Свети Николе – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Направени се 977 тестови: ИЈЗ-122, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-21, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-28, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–54, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-29, Биотек-21, Систина-49, лабораторија Лаор-8, Синлаб-18, Ремедика-9, Плодност-6, Генеа-3, Никоб Лаб-27, ВФВ Медикал-9, Ели Медика Плус-9, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-2, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 425.

Досега во земјата се направени вкупно 2.155.071 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.127, бројот на оздравени пациенти е 330.328, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.300.

Share This Article