Детска приредба во Чернихов беше прекинат со експлозија на фрлач на гранати, при што беа повредени 15 лица, меѓу кои и осум деца. Четворица од повредените се задржани во болница, а украинскиот претседател Владимир Зеленски по инцидентот објави дека две лица се приведени.
– Две лица кои директно учествуваа во трагичниот инцидент во Чернихов се приведени под сомнение дека сториле кривично дело – изјави првиот човек на Украина.
На Твитер се шири веста дека 10-годишно момче грабнало наполнета граната РПГ-18 и го повлекло чкрапалото и дека како резултат на тоа, две деца загинале, а уште најмалку 6 лица биле повредени. Гранатата биле дел од изложба на оружје кое таму го поставиле украинските волонтери за да соберат донации за украинската армија.
Вјачеслав Чауш, шеф на регионалната управа на Чернихов, рече дека администрацијата не била информирана за военото присуство на јавниот настан. Се сомнева дека токму тоа е причината за немилиот настан.
– Да имаше порака дека ќе има војници, тогаш ќе интервениравме во таква ситуација и армијата немаше да учествува во такви настани – рече Чауш.