„Путин ја користи енергијата како оружје со тоа што го намалува снабдувањето и манипулира со нашите енергетски пазари. Тој ќе пропадне. Европа ќе победи“.
Вака напиша претседателката на Европската Комисија(ЕК), Фон дер Лајен, на Твитер. Таа објасни дека ЕК ќе понуди ограничување на цената на гасот и истовремено поддршка за ранливите бизниси и потрошувачи од приходите на производителите на струја во Европа, објави Ројтерс.
Италијанскиот премиер Марио Драги претходно предложи земјите од ЕУ да се договорат за горна граница за цената на гасот што се увезува од Русија. Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ќе го поддржи предлогот.
Некои членки на ЕУ, сепак, се претпазливи за таа идеја, со оглед на ризикот дека Русија може целосно да го прекине снабдувањето со гас за Европа како одмазда, велат дипломатите.