More

    Кремљ реагира, организаторот ќе се соочи со казна

    spot_img

    Портпаролот на Кремљ, Дмирти Песков изјави дека денешниот напад врз руската амбасада во Кабул е терористички напад. „Најостро ги осудуваме ваквите терористички акти“, рече тој. Според руското МНР, се работи за напад на бомбаш самоубиец во кој загинале најмалку 25 лица. Тој го активирал својот елек зад главната порта на руската амбасада, јавуваат локалните медиуми, пишува РТ.

    Експлозијата се случила кога вработен во амбасадата излегол надвор кај луѓето кои чекале на редот, изјави извор за новинската агенција РИА-Новости. Ројтерс претходно објави дека чуварите успеале да го забележат бомбашот самоубиец и пукале во него.

    Говорејќи по инцидентот, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека безбедноста е засилена во мисијата во Кабул, со распоредени дополнителни авганистански разузнавачки и контраразузнавачки сили.

    – Да се ​​надеваме дека организаторите и извршителите на овој терористички напад ќе се соочат со брза и заслужена казна – додаде Лавров.

    Русија е меѓу ретките нации кои имаат амбасада во Кабул откако Талибанците дојдоа на власт во Авганистан пред една година.

    И покрај тоа што официјално не ја признава талибанската влада, Москва преговара со групата за договор за снабдување со бензин и други стоки на земјата, која е подложена на остри меѓународни санкции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img