More

    Гроси утре ќе поднесе извештај за тоа дали централата работи под ризик

    spot_img

    Голем дел од мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ја напушти нуклеарната централа Запорожје во Украина. Во централата останаа двајца експерти, кои таму ќе бидат постојано.

    Информацијата за агенцијата ТАСС ја даде рускиот нуклеарен физичар Ренат Карча, кој ја придружуваше делегацијата.

    Украинскиот државен нуклеарен оператор „Енергоатом“ потврди дека во нуклеарката Запорожје останаа само двајца експерти на МААЕ.

    Експертите на МААЕ пристигнаа во нуклеарката на 1 септември.

    Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси претходно изјави дека мисијата добила клучни податоци. Тој планира да го претстави својот извештај за безбедноста на украинската централа, која е под руска контрола, на почетокот неделава. Тој информира дека утре ќе поднесе извештај и пред Советот за безбедност на ОН.

    Руските војници остануваат на територијата на Запорожје, а камиони со оружје и муниција се наоѓаат во машинските простории на Првата и Втората единица, информира денеска на Телеграм украинскиот оператор за нуклеарна енергија Енергоатом.

    Украина ја повикува меѓународната заедница брзо да преземе мерки за што поскоро демилитаризирање на централата, за повлекување на руската војска од нејзината територија и од блискиот град Енергодар, за враќање на нуклеарката целосно под украинска контрола во име на безбедноста на целиот свет, посочи „Енергоатом“.

    Според операторот, централата работи со ризик од прекршување на стандардите за заштита од радијација и пожари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img