Колку украинска територија контролираат руските сили во моментов? Додека првиот човек на клучниот град Харков на истокот, Олег Синегубов изјави дека руските тенкови биле истиснати од неговиот град и дека сега контролата е повторно воспоставена, битки има во повеќе градови.
Би-Би-Си во своја статија објави мапа на досегашната ситуација. Картата беше споделена на социјалните мрежи.
Украинската заменик-министерка за одбрана, Хана Малијар, денеска објави дека руските сили од почетокот на нападот во Украина имаат околу 4.300 жртви. Таа додаде дека бројката уште се утврдува.
Малијар на својот фејсбук-профил уште објави дека загубите во техника на руските сили се околу 146 тенкови, 27 авиони и 26 хеликоптери.