More

    Руските банки ќе бидат отсечени од Западот

    spot_img

    Западните сојузници денеска се согласија на нови финансиски санкции против Русија поради нејзината инвазија врз Украина, вклучително и преземање на клучната акција за исклучување на голем број руски банки од меѓубанкарскиот систем СВИФТ за електронско плаќање.

    „Тоа има за цел да ги отсече овие институции од меѓународните финансиски текови, што масовно ќе ги ограничи нивните глобални операции“, се вели во соопштението на портпаролот на германската влада.

    Во соопштение Белата куќа соопшти дека, во соработка со Европската комисија, Франција, Германија, Италија, Велика Британија и Канада, САД го поддржуваат исклучувањето на „избрани руски банки“ од СВИФТ, високата безбедносна мрежа која поврзува илјадници финансиски институции ширум светот и вети напори за „колективно да се осигура дека оваа војна е стратешки неуспех за Путин“.

    Ќе ја парализираме Руската централна банка

    Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вечерва нагласи дека Брисел ќе предложи замрзнување на средствата на руската централна банка, како засилени санкции против Москва по инвазијата врз Украина.

    Фон дер Лајен, исто така, рече дека ЕУ ќе отстрани „одредени“ руски банки од платниот систем СВИФТ, како одговор на клучното барање на Киев.

    Таа зборуваше по видео-конференција со лидерите на САД, Германија, Франција, Италија и Канада, со цел да се координира одговорот на Западот на инвазијата.

    Уште санкции од ЕУ

    Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска ќе одржат онлајн состанок со цел да се донесат дополнителни мерки за поддршка на Украина, најави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел.

    Борел на Твитер објави дека в недела во 18 часот свикал онлајн состанок „со цел да се усвојат дополнителни мерки за поддршка на Украина, против руската агресија“. Тој додаде дека ќе предложи пакет за брза помош на украинските вооружени сили со цел да ги поддржи во „нивната херојска борба“.

    „За утре во 18 часот свикав виртуелен состанок на Советот на министри со цел да договорам дополнителни мерки за поддршка на Украина против руската агресија. Ќе предложам пакет за брза помош за украинските воени сили за да ги поддржам во нивната херојска борба“, напиша Борел на Твитер. Тоа че биде четврта средба на министрите за надворешни работи на ЕУ за само една недела.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img