More

    Милков: Сериозно се подготвуваме за утрешната посета на премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски на Бугарија,

    spot_img

    Сериозно се подготвуваме за утрешната посета на премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски на Бугарија, коментира бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков во интервју за неделната програма „Недела 150“ на БНР.

    Според Милков, како што јавува дописникот на МИА од Софија, односите меѓу Бугарија и Северна Македонија имаат многу димензии, тие се повеќеслојни и не можат да се мерат со прашањата за снабдување со електрична енергија од Бугарија во Република Северна Македонија.
    Милков, исто така, вели дека очекува да се разговара за широк спектар на прашања и да се направат видливи чекори за решавање на сите прашања.
    – Работите ќе се разгледуваат во нивната меѓусебна зависност – рече Милков и додаде дека кога ќе дојде премиер од соседна држава, треба да се постават сите прашања кои би биле од интерес за двете земји.
    Прес-центарот на бугарската влада веќе објави официјална информација за посетата на македонскиот  премиер на Софија.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img