Необична фотографија кружи на социјалните мрежи, а е снимена денеска на реката Дунав во Белград. Имено, станува збор за дива свиња која „сурфа“ по реката на дрвен предмет. Сликата од оваа неверојатна сцена е споделена на социјалните мрежи со опис „дива свиња сурфа на Дунав“.
Корисниците на социјалните мрежи ја искористија можноста да се пошегуваат со оваа сцена, а во коментарите ја изразија својата зачуденост и комичноста на сцената, пишува Нова.
„Свињите сѐ уште пливаат во Дунав“, беше еден од најчестите коментари на оваа слика.
А како изгледа ова погледнете на фотографијата.