Кое грозје е поздраво и зошто?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Постојат различни видови на грозје, а главната разлика што ја гледаме е бојата. Но, прашањето е дали има разлика во ефектот врз телото?

Кога станува збор за количината на минерали и витамини, варијациите помеѓу различните сорти грозје се минимални. Сите сорти се состојат главно од вода и се богати со фруктоза. И зеленото и црното грозје имаат исти здравствени придобивки. Единствената разлика помеѓу белото и црното грозје е тоа што грозјето во потемни нијанси има многу поголема количина на ресвератрол, пишува Б92.
Црното и црвеното грозје имаат ресвератрол. Ресвератролот е познат главно по неговото позитивно влијание врз стареењето. Помага и за контрола на шеќерот во крвта бидејќи го зголемува лачењето на инсулин во вашето тело.

Семките и лушпите на црвеното грозје исто така имаат големо количество влакна. Грозјето е богато со витамини Б1, Б6, Б2, А и Ц; има бакар, железо, магнезиум, цинк, калиум и натриум; и органски киселини, јаболкова, винска и лимонска.

Во лушпата на црвеното грозје се концентрирани бројни полифеноли (првенствено ресвератрол), кои ја намалуваат потрошувачката на енергија, акумулацијата на маснотии во црниот дроб, шеќерот во крвта, па дури и го намалуваат крвниот притисок. Што се однесува до калориите во грозјето, тоа е околу 60 на 100 грама, значи тоа е нискокалорично овошје.

Share This Article