More

    Агресијата на Русија ќе предизвика нестабилност во Европа

    spot_img

    Ние отсекогаш сме биле за дипломатско решение, разговори и против војна. Затоа застануваме со Украина сметајќи дека оваа воена агресија на Русија ќе донесе несреќа, жртви и нестабилност во Европа, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ за Македонското радио.

    Тој додаде дека Македонија како членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ, во координација со сојузниците застана на страната на Украина и понуди помош.

    – Ќе помогнеме со нашите можности и капацитети. Нам ни е важен нашиот интерес да опстои безбедноста, сигурноста и стабилноста на Европа и нашиот регион – изјави Маричиќ.

    Вицепремиерот кажа дека оваа ситуација ќе има импликации врз ресурсите во Европа, но потенцираше дека државните резерви во земјава се во добра состојба.

    – Сите проблеми околу испораката на електрична и топлинска енергија беа поврзани со овие случување. Но, со преземените чекори од Владата и вложувањата од буџетот за покривање на овие трошоци не дозволивме голем ценовен шок – истакна Маричиќ.

    Тој додаде дека државните резерви се во добра состојба и дека Владата работи за да не дојде до прекини во снабудвањето со топлинска и електрична енергија.

    – Оваа криза ја предвидовме и правевме напори. Владата ја следи ситуацијата од ден на ден и презема чекори со директна интервенција од буџетот за граѓаните да не ги почувствуваат последиците – рече Маричиќ.

    Тој се осврна и на преговорите што ги води земјава со Бугарија, па посочи дека без решение кое го штити македонскиот јазик и идентитет, нема да има договор со нашиот источен сосед.

    – Бараме решение кое нема да го загрози статусот на нашиот јазик и ќе успееме во тоа. Доколку не се договориме околу тоа прашање, не може да има никаков договор со Бугарија. Владата внимателно пристапува во преговорите и се води според Резолуцијата усвоена од сите партии во Собранието. Идентитетските прашања Бугарија може да се обиде да ги отвори, но тоа не значи дека ние би влегле во разговор и би прифатиле компромис. Затоа инсистираме сите точки да се решаваат во пакет, каде ќе има баланс во компромисите – додаде Маричиќ.

    Вицепремиерот кажа дека за Владата е неприфатлива каква било промена или додавка во преговарачката рамка со ЕУ за македонскиот јазик и неговиот статус во Унијата.

    Тој повтори дека позициите во разговорите со Бугарија се определени од Резолуцијата во Собранието, каде што Владата доби јасна задача да се држи до заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет и да изнајде достоинствено решение.

    Маричиќ нагласи дека со цел остварување на тоа, но и на почеток на преговорите со Европската Унија треба да се искористат овие недели и месеци за отворање и обид за затворање на сите теми.

    – Наша цел е да имаме сеопфатен договор, каде јасно ќе се определат обврските од двете страни и ќе бидеме сигурни дека чекорите што би ги направиле ќе доведат до кревање на ветото – истакна Маричиќ.

    Вицепремиерот изјави дека членството во ЕУ и НАТО е од наш интерес, бидејќи функционирајќи во тие системи на безбедност, сигурност и развој на економијата, го подобруваме нашиот живот и помагаме граѓаните да останат тука, наместо да бараат пасоши од други држави за да работат во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img