More

    Учениците сами ќе одлучуваат дали ќе носат маски на час

    spot_img

    Учениците ќе седнат во училишните клупи без антиковид-протоколи и без обврска за носење заштитни маски, како што беше на стартот на минатата учебна година.

    – На последниот состанок на Комисијата за заразни болести не беше разговарано дали ќе бидат предложени некакви ковид-мерки во училиштата, па поради тоа останува препораката за одржување на хигиената на учениците и проветрување на просториите. Секако ние ќе ја следиме ковид-состојбата кај нас, а доколку е потребно ќе бидат предложени мерки со цел да се спречи ширењето на вирусот во училиштата – рече за Плусинфо д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

    Според епидемиологот д-р Александар Стојанов, моменталната состојба со коронавирусот во Македонија е стабилна, а тоа значи дека не е преоптоварен здравствениот систем, што не беше така во случајот со другите варијанти на ковид-19, па затоа смета дека во моментов учениците треба да тргнат во училиштата без маски.

    – Како што веќе можете да видите оваа верзија на варијантата омикрон кај пациентите дава полесна клиничка слика, не велам дека децата не се заразуваат, но кај нив делува како обична настинка. Мислам дека во моментов не се потребни никакви превентивни мерки во училиштата, мислам конкретно за носењето маски. Единствено потребно е учениците да ја одржуваат хигиената, да не се групираат во затворени простории и училниците редовно да се проветруваат. Сега времето го дозволува тоа, така што не гледам причина за воведување на нешто посериозно кога станува збор за училиштата – вели д-р Стојанов за Плусинфо.

    И од Министерството за здравство потврдија дека доколку состојбата со ковид-19 кај нас се влоши, тогаш ќе се преземат чекори за спречување на ширењето на вирусот.

    – Комисијата за заразни болести редовно ја следи епидемиолошката состојба и согласно тоа доставува предлози до Министерството за здравство. Во однос на почетокот на училишната година не се доставени дополнителни предлог-мерки – ни одговорија од Здравство.

    Плусинфо побара став и од Министерството за образование дали сè е подготвено за почетокот на учебната година, кога ковид-19 е во прашање, при што ни одговорија дека нема нови препораки од Комисијата за заразни болести, така што учебната година започнува со физичко присуство на сите ученици.

    Учебната година задутре ќе почне за околу 255.000 основци и средношколци. Останува на личниот избор на секој ученик дали ќе ја следи наставата со или без маска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img