More

    Од синоќа сѐ уште се трага по десетгодишно дете, кое исчезнало вчера околу 16 часот од селото Врбско во Мариово

    spot_img

    Од синоќа сѐ уште се трага по десетгодишно дете, кое исчезнало вчера околу 16 часот од селото Врбско во Мариово.

    Вклучени се екипи на полицијата, од пограничната служба, кучиња трагачи, жители, од противпожарната единица од Прилеп, од ловечкото друштво Мукос и од изутрината во потрагата е вклучен и хеликоптер од МВР. Досега сѐ уште нема траги од исчезнатото дете, кое е со посебни потреби.

    Според СВР Битола, таткото на исчезнатото дете пријавил синоќа околу 18 часот дека неговиот син го снемало од селото.

    Спасе Чакревски, од селото Витолиште меѓу првите се вклучил во потрагата. Раскажува дека таткото со сопругата и трите деца, меѓу кои десет годишниот Петар живеат во Прилеп, а од вторникот биле во селото Врбско каде имаат пчелни семејства.

    Потрагата била речиси цела ноќ, но, за жал, сѐ уште нема трага од детето. Околината е крајно непристапна, а детето било лесно облечено.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img