More

    Времето денес променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

    spot_img

    Времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

    Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ=5.

    Во Скопје, променливо облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења.

    Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.

    Најмногу дожд во изминатото деномоќие наврнал во Тополчани 35 литри на метар квадратен, во Струмица 26, Крушево 25, Гевгелија и Прилеп 22, Тетово 21, Дебар 19, Демир Капија 16, Битола 14, Штип 13, Скопје 12, Куманово девет, Берово седум, а шест литри во Охрид, соопшти УХМР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img