Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова, останува и понатаму да ја води институцијата.
Од Владата за Канал 5 потврдиле дека вчера воопшто немало точка за нејзина смена.
– Д-р Бухова за в.д. директора на инспекторатот е назначена во мај и таа продолжува да ја врши својата функција и понатаму – велат од Владата.
Нејзиниот мандат како директор заврши пред четири месеци, на 4 април и оттогаш таа беше поставена како вршител на должност до пронаоѓање на нејзината замена.
Тоа што е познато е дека таа и самата по истекување на мандатот побарала да се постави нов човек на таа позиција.
Државниот здравствен инспекторат е уште едно од местата околу кои се кршат политички копја за директорската фотелја.