More

    Поранешниот претседател на Австрија го анализира рускиот претседател

    spot_img

    Поранешниот претседател на Австрија, Хајнц Фишер, коментирајќи ја ситуацијата со Украина, вели дека претседателот на Русија, Владимир Путин, се променил како личност.

    Фишер кој со Путин се има сретнато осумпати, за виенскиот неделник „Профил“ дека шефот на руската држава отсекогаш далувал мошне рационално. Вели дека никогаш не се почувствувал измамен од страна на Путин.

    – Мислам дека сега Путин се има променето – додава Фишер, сметајќи дека дошло до промени на личноста.

    – Путин ладнокрвно изнесува лаги – вели Фишер оценувајќи ја како опасна путиновата реторика за воената акција.

    – Не може да се рече дека Путин сака да го имитира Сталин, но тој очигледно многу има научено од него – истакнува Фишер.

    Поранешниот претседател на Австрија уште смета дека вреди да се дискутира по прашањето дали безбедносната ситуација во Европа би била подобра доколку НАТО се воздржеше од ширење кон исток.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img