Автомобил „астон мартин ДБ-5“, што му припаѓаше на холивудскиот глумец Шон Конери, е продаден на наддавање за 2,4 милиони долари.
Ова не е првото возило на британскиот агент Џејмс Бонд „007“ кого го глумеше и познатиот шкотскиот актер, но е најпознатото бидејќи се појавува во дури 8 „Бонд“ филмови. Конери го купи како лично возило во 2018 година. Автомобилот бил чуван во неговиот дом во Швајцарија пред да оди на наддавање. Глумецот го обожавал, но никогаш не го возел во Европа бидејќи веќе му било тешко да патува а живееше на Бахамите се до неговата смрт во 202о година.
Автомобилот е произведен 1964 година, и е во прилично добра состојба, возилото не беше опремено со оружје и „технологија од утрешнината“, каросеријата била црна, но беше обоено во снежно-сива, за да наликува на автомобилот во филмот. Значителен дел од парите од продажбата ќе одат во Фондот за филантропија на Шон Конери.
Освен што сега поседува дел од историјата, неименуваниот купувач ќе може да ужива во возењето со поранешниот шампион во Формула 1, сер Џеки Стјуарт, кој беше долгогодишен пријател на Конери.
Инаку, „астон мартин“ во 2018 година објави дека ќе го продолжи моделот на „ДБ-5“ – вкупно 25 примероци, од кои секој чини 3,5 милиони долари. Исто така, секој од нив ќе има од уредите што се гледаат во филмовите.