More

    Новиот суперлигаш, Алкалоид, денеска ги промовира осумте нови ракометари, како и новиот тренер Кирил Лазаров

    spot_img

    Новиот суперлигаш, Алкалоид, денеска ги промовира осумте нови ракометари, како и новиот тренер Кирил Лазаров.

    Ракометниот клуб Алкалоид минатата сезона избори настап во најсилната лига – Суперлигата, а оваа година амбициите на клубот се пласман во плејофот.

    Во новата сезона предводник на Алкалоид ќе биде најдобриот играч во историјата на македонскиот ракомет и актуелен селектор Кирил Лазаров.

    – Чест и задоволство ми е да останам да работам во Македонија и моето знаење и искуство да го пренесам овде. Не се двоумев воопшто дали да ја прифатам поканата да влезам во ваков проект. Ова го правам за добро на РК Алкалоид, на ракометот во Македонија и на македонскиот спорт воопшто. Само со вакви концепти можеме да одиме напред и да бидеме конкурентни. Алкалоид е македонски производ, јас имам големи амбиции, но не отфрлам во иднина да ангажираме странец, само доколку е екстра квалитетен – рече Лазаров.

    Нови играчи на Алкалоид за сезоната 2022/23 се: голманите Јане Цветковски и Благојче Трајковски, како и Никола Маркоски (капитен), Михајло Младеновиќ, Марко Митев, Едвин Омерагиќ, Давид Димевски, Александар Петковски.

    Алаклоид викендов учествуваше на Меѓународниот турнир во Струга, а утре патува во Белград на уште еден подготвителен турнир во пресрет на новата сезона.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img