More

    Камионџиите ќе блокираат крстосници

    spot_img

    Товарните транспортери, незадоволни од долгото чекање на граничните премини, денеска напладне во знак на протест ќе ја блокираат раскрсницата пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Тие најавија дека сообраќајот ќе биде сопрен на 15 минути, а потоа камионџиите ќе се упатат пред Владата. Целиот протест, според најавите, ќе трае два и пол часа.

    – На граничните премини се создаваат киломератски колони поради што се случуваат и штети, било поради расипување на некоја стока или поради непочитување на рокови. Ние возачите мораме самим да ги надоместиме штетите, исто и транспортните фирми. Веќе ова е децениски проблем и мора да најдеме решение. Зошто ние да плаќаме за нечие несовесно работење? – изјави за „Алфа“ Марјан Стевковски, претседател на Независниот синдикат на професионални возачи.

    Лозарите од Неготино, кои протестираа викендов поради ниските откупни цени на грозјето, најавија дека ќе ги продолжат протестите, но засега не соопштиле термин. Протест најавуваат и одгледувачите на овци, кои се револтирани бидејќи сè уште нема субвенции за нив за 2021 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img