Маричиќ: веќе влегуваме во фаза во која ќе треба паралелно да го водиме скринингот и да се работи интензивно на уставните измени, во наредниот период

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во интервју за Алсат-M рече дека веќе влегуваме во фаза во која ќе треба паралелно да го водиме скринингот и да се работи интензивно на уставните измени, во наредниот период.

– Мислам дека до завршувањето на скринингот има добри шанси да ги комплетираме уставните измени со едноставно прашање до секој пратеник, бидејќи ова е дилема којашто ќе се исправи пред секој пратеник: Дали сте за членство на Северна Македонија во ЕУ или не? Ова е суштинското прашање на кое треба да се одговори – вели Маричиќ.

Вицепремиерот истакна дека според Владата содржината на тие уставни измени не е проблематична, бидејќи се работи за нешто што веќе го имаме во Уставот за повеќе заедници и додавањето на уште неколку заедници, меѓу кои и бугарската, не e суштински проблем.

Share This Article