Жарко Пејановиќ од Подгорица и Вук Кољеншиќ од Даниловград водат меѓусебна битка во бизарниот натпревар во излежување во Црна Гора, во обид да го соборат ланскиот рекорд на Дубравка Алексиќ од Подгорица, која не станувала цели 117 часа.
Натпреварот во лежење, единствен таков во Европа, по 11-ти пат се организира во етно-селото Монтенегро во Брезна, во Пива. На „стартот“ на битката за освојување на паричната награда од 350 евра, се собраа девет натпреварувачи, но седуммина брзо се откажаа, јави подгоричкиот портал Вијести.
Правилата не се променети во однос на минатата година. Дозволено е јадење и пиење, читање книги, лаптоп, телефон – само станувањето не е дозволено. Одењето во тоалет е дозволено на секои 8 часа.