More

    Поранешниот австралиски премиер се назначи на неколку министерски места

    spot_img

    Веста дека поранешниот премиер на Австралија се назначил себеси на неколку министерски места среде пандемијата „Ковид-19“ во понеделникот поттикна политички скандал, при што неговиот наследник вети брза истрага за ова прашање.

    Премиерот Ентони Албанес го обвини поранешниот премиер Скот Морисон за лоши политички потези откако се дозна дека поранешниот премиер се назначил себеси на позиции, вклучително и министер за здравство, финансии и ресурси, без да ги информира колегите, парламентот или гласачите.

    Велејќи дека потезите на Морисон се „без преседан“, Албанес во понеделникот рече дека побарал правна помош и дека очекува дополнителни информации во текот на денот.

    „Тоа се политички потези на кои би се смееле доколку се случуваат во недемократска држава“, рече Албанезе. „Скот Морисон ја водеше владата од сенка“.

    Во некои случаи, Морисон се назначил себеси за министер без да ги информира членовите на кабинетот што претходно ги назначил на истите позиции.

    Скандалот фрли светлина врз нетранспарентноста на одлучувањето во австралиската влада и го постави прашањето дали се потребни построги мерки за зачувување на демократијата.

    Сè уште не е познато колку позиции зазел Морисон, но локалните медиуми објавија дека тој го презел управувањето со ресурсите и ја искористил својата моќ за да запре голем проект за гас во близина на брегот на Сиднеј.

    Конзервативците на Морисон ја загубија власта на изборите во мај, ставајќи крај на речиси една деценија владеење на десниот центар во земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img