Рускиот претседател Владимир Путин вети дека Русија ќе ги прошири своите „сеопфатни и конструктивни“ билатерални односи со Северна Кореја.
Во писмото што го напишал и го испратил до севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, Путин истакнал дека тоа би било во интерес на двете земји.
„Пријателството помеѓу двете земји било создадено во Втората светска војна со победата над Јапонија. Нашето другарско пријателство ќе порасне уште повеќе. Стратешката и тактичката соработка, поддршката и солидарноста помеѓу двете земји беа издигнати на ново, повисоко ниво, на заеднички фронт за фрустрирање на воените закани и провокации од непријателските сили“, одговорил Ким.
Советски Сојуз своевремено беше голем сојузник на Северна Кореја и Русија почна да ги обновува тие односи додека постепено се оттуѓуваше од западот во 2000-ите. Во јули, Северна Кореја стана една од неколкуте држави кои ја признаа независноста на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск. Украина притоа ги прекина дипломатските односи со Пјонгјанг.