Од ВМРО-ДПМНЕ бараат владата и ДУИ да се извинат за омаловажувањето на македонскиот јазик

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ВМРО-ДПМНЕ бара владата  да се огради и извини на македонските граѓани за скандалот со омаловажување на македонскиот јазик на прославата на годишнината од Рамковниот договор.

– Од скандал до скандал за прославата за Рамковниот договор. Илјадници евра потрошени за партиска прослава на ДУИ, на која се исвиркуваше македонскиот јазик. Два дена без никаква реакција од власта за овој скандал на приватната забава на власта. Димитар Ковачевски, Артан Груби и останатите функционери од оваа неспособна власт треба веднаш да се оградат, осудат и извинат на македонските граѓани за скандалот со омаловажувањето на македонскиот јазик за време на таканаречената прослава – велат од партијата.

Опозициската партија потсетува дека за  прославата се потрошија над 100 илјади евра за пејачи и гоштевање на функционерите на ДУИ во време на економска и енергетска криза.

-Додека во Тетово нема вода за пиење, додека десетици села во полошкиот крај газат во кал, додека во Арачиново абер нема од ветената канализација, криминалците од ДУИ и СДСМ трошат пари на граѓаните за партиски забави. Нема ден, без скандал на криминалната и тендерашка власт на СДСМ и ДУИ.  Потребни се брзи парламентарни избори за да се стави крај на ова неодговорно владеење –  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article