More

    Њујорк Тајмс ги анализира последните случувања во соседството

    spot_img

    Дали Русија ја користи Србија за да создаде раздор во Европа и да создаде нови конфликти меѓу земјите од поранешна Југославија, со цел да го оттргне вниманието на НАТО од војната во Украина, тоа е прашањето на западните дипломати за кое пишува денешен „Њујорк Тајмс“.

    Весникот наведува дека стравувањата од руското влијание врз Србија се зголемени поради минатонеделните тензии во врска со прашањето за регистарските таблички на Косово, што доведе до демонстрации, барикади и пукотници.

    Руските медиуми со месеци објавуваат запаливи извештаи за репресијата на Србите на Косово и Босна, пишува весникот оценувајќи дека тие претставуваат „реприза на руската пропаганда за страдањата на етничките Руси кои живеат во Украина“ со цел да ги „охрабри тврдокорните српски националисти“.

    „Русија смета дека колку повеќе време Западот троши потејќи се на Балканот, толку помалку ќе може да се поти во рускиот двор“, ја пренесува „„Њујорк Тајмс“ изјавата на Вук Вуксановиќ, истражувач во белградскиот Центар за безбедносна политика.

    Тој вели дека ограничен е рускиот маневар во Србија.

    – Потребни се локални елити, а тие не сакаат да бидат жртвувани заради руските интереси – смета Вуксановиќ.
    Во однос на руското влијание врз прашањето за Косово, Вуксановиќ оцени дека Косово е „совршена инвестиција која малку чини“ за Русија, но смета дека нејзината способност да предизвикува проблеми на Балканот е намалена поради војната во Украина.

    – Сега Русија не може многу. Нејзините опции се поограничени и таа е поизолирана. Таа ги насочи своите ресурси на Украина – вели Вуксановиќ.

    Одбивањето на Србија да воведе санкции кон Русија предизвика критики од оние кои сметаат дека српскиот претседател Александар Вучиќ работи во корист на Кремљ.

    Косовскиот премиер Албин Курти во април го нарече Вучиќ „мал Путин од Србија“, додавајќи дека Србија е „единствената земја во Европа што одби да воведе санкции кон Русија“.

    Вучиќ ги отфрли таквите обвинувања, потсетува њујоршкиот весник. Тој рече дека „Курти сака да биде мал Зеленски борејќи се против малиот Путин“ и затоа го претставува како „ужасен националист“ кој сака да војува со сите, што воопшто не е точно.

    Весникот потсети и на неодамнешната изјава на пратеникот на СНС Владимир Ѓукановиќ за „денацификација” на Балканот, споредувајќи ги целите на Русија во Украина и идејата за „Голема Србија” од 90-тите години на минатиот век, коментари што Вучиќ ги нарече „неодговорни“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img