More

    Неколку сензори за радијација се оштетени денеска по новото руско бомбардирање на областа во близина на нуклеарниот реактор на електраната Запорожје

    spot_img

    Неколку сензори за радијација се оштетени денеска по новото руско бомбардирање на областа во близина на нуклеарниот реактор на електраната Запорожје, соопшти украинскиот оператор Енергоатом.

    „Ситуацијата се влошува, радиоактивни супстанци се во близина, а неколку сензори за радијација се оштетени“, напиша Енергоатом на Телеграм.

    Вечерва Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок на кој ќе се разговара за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје во Украина, додека Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за бомбардирање на тоа место.

    Областа околу нуклеарната централа Запорожје денеска повторно беше цел на артилериски напади, изјави проруски функционер, обвинувајќи ги украинските сили за нападот.

    „Активистите на (украинскиот претседател Володимир) Зеленски повторно ја нападнаа нуклеарната централа во Запорожје“, напиша на Телеграм Владимир Рогов, член на проруската администрација инсталирана од Русите во тој дел на јужна Украина.

    Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.

    Фабриката веќе беше цел на воздушни напади минатата недела, што ја зголеми загриженоста на меѓународната заедница.

    Најмалку 14 лица загинаа во неодамнешните воздушни напади во близина на нуклеарната централа, која беше преземена од руските сили.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img