Унгарија и Словачка ќе добијат нафта

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот магнат „Транснефт“ продолжи со пумпање нафта низ јужниот крак на гасоводот „Дружба“ во правец кон Унгарија и Словачка, изјави за РИА Новости советникот на претседателот на компанијата Игор Демин. Унгарската компанија „МОЛ“ и словачката рафинерија „Словнафт“ се договориле со украинската страна да продолжат со испораките и ги платиле трошоците за транзит. Вчера Украина го сопре протокот затоа што немаше како да го наплати транзитот поради западните санкции.

– Пумпите работат, се вклучија во 16:00 часот, достигнувајќи режим на работен притисок за 15 минути – рече Демин од „Транснефт“.

„Транснефт“ вчера потврди дека украинската компанија „Укртранснафта“ на 4 август престана да испумпува нафта од Русија преку јужниот крак на гасоводот „Дружба“ до Унгарија, Чешка и Словачка, бидејќи руската страна не може да изврши транзитно плаќање под санкциите на ЕУ.

Нафтоводот „Дружба“ започнува во регионот Самара, поминува низ Брјанск и потоа се разгранува на два дела: северниот, кој минува низ територијата на Белорусија , Полска и Германија и јужниот – преку Украина, Чешка, Словачка и Унгарија.

Share This Article