Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има услови за краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде околу 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.