More

    Холивудската ѕвезда открива каков ќе биде уникатниот проект на Балканот

    spot_img

    Филмската ѕвезда Џон Малкович во ексклузивна изјава за МТВ најави изградба на повеќе филмски студија во околината на Скопје, кои се дел од проектот „Скопје технолошки парк“.

    – Многу сум возбуден што можам да го најавам овој проект, со колегите професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон да отвориме филмски студија со сертификати на Холивуд, со музичко-медиумски и еколошки стандарди во Скопје, прво такво студио на Балканот. Решивме да го наречеме проектот „Стоун бриџ студио“, во чест на богатата македонска историја – рече Малкович кој моментно се наоѓа на снимање во Заечар, Србија.

    Тој рече дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.

    – Цврсто верувам дека тој ќе биде од клучно значење за развојот на филмската уметност во регионот – вели Малкович.

    Тој најави дека ќе го посети Скопје штом проектот ќе биде одобрен од Владата.

    – Возбудени сме што ќе можеме во Скопје да снимаме холивудски филмови и што ќе можеме да придонесеме за подигање на нивото на сета балканска филмска и музичка продукција која е во подем – рече холивудскиот актер Малкович.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img