Британка загина, а нејзиниот сопруг е тешко повреден по несреќа на глисер во турското летувалиште Мармарис. Ана Капуано (45) била на глисер кој налетал на друго водно пловило кај брегот на Мармаис во Турција, пренесува британски Метро.
Нејзиното тело е вратено на брегот, додека останатите биле пренесени на пристаништето за водени спортови, од каде што биле префрелни во болница.
Меѓу нив бил и нејзиниот сопруг, кој е во критична состојба на интензивна нега во близина на одморалиштето каде што престојувале.
Со полесни повреди се здобиле капетанот на морското такси (22) и двајца сопатници.
Несреќата е снимена со камера, а сликите покажуваат значителна штета на чамецот на кој се наоѓала двојката.
– Беше страшна несреќа и многу луѓе кои ја видоа беа во шок. Некои од повредените биле во ужасна состојба, а мртвата жена била изнесена на брегот во торба, очигледно немала шанси, изјавила за британски Сан жена од Лондон која била сведок на оваа трагедија.
Морето беше малку хаотично со толку многу глисери и параглајдеристи кои рикаа наоколу, но никој не го очекуваше ова. Имаше гласини дека еден од возачите не бил концентриран и си ја средувал косата кога се случила несреќата, но полицијата ништо не потврдила, додаде таа.
Локалните власти ја истражуваат несреќата.