More

    Путин вели дека не сака да ѝ наштети на светската економија

    spot_img

    Русија „немаше друг начин“ да се одбрани освен да ги испрати своите сили во Украина, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин додека руската армија ја напаѓа соседната земја.

    – Она што се случува сега е изнудена мерка бидејќи на Русија не ѝ е дадена можност да постапи поинаку – рече Путин на средба со деловни луѓе во Москва, која беше емитувана на телевизија.

    Путин рече дека создадените ризици за безбедноста биле толку големи што било невозможно да се постапи поинаку и укажа на непомирливоста на Киев и Западот кон руските барања поврзани со безбедноста.

    – Можеа да нѐ доведат до такви ризици што не би знаеле како би преживеала земјата – рече Путин.

    Рускиот лидер рече дека Русија не сака да му наштети на светскиот економски систем или да биде исклучена од него. Неговата окупација на Украина ги шокираше пазарите и ја изложи Русија на разорни санкции од Западот.

    – Русија продолжува да учествува во светската економија, ние не се подготвуваме да ѝ нанесеме штета – им рече Путин на претставниците на рускиот бизнис собрани во Кремљ.

    – Ми се чини дека нашите партнери треба да го сфатат тоа и да не си поставуваат цел да нѐ исфрлат од системот – рече тој.

    Тој додаде дека Русија е „подготвена“ за воведување нови санкции против нејзината економија, повикувајќи ги претприемачите да бидат „солидарни“ со руската Влада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img