Туфегџиќ смета дека конфликтот е општествено опасен

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ваков јавен конфликт помеѓу две клучни институции за борба против корупцијата е пред сѐ општествено опасен.

Во мојата скоро 30-годишна адвокатско судиска кариера, памтам неколку тивки и скриени од јавноста конфликти на битни функционери кои завршувале со тивки „повлекувања“ од функцијата, што од лични, што од здравствени причини.

Во тогашниот „трул“ општествен систем постоел механизам и авторитет да го артикулира конфликтот и да не дозволи да излезе надвор од контрола, со што ќе предизвика штета за државата.

Пошто во државата очигледно нема таков механизам и авторитет, овој конфликт ги има сите предиспозиции да ескалира, еден ќе загуби, а другиот ништо нема да добие.

Конечно, овој отворен конфликт и сериозните меѓусебни обвинувања на првите луѓе на овие институции, ги компромитира и ги доведува во прашање непристрасноста во активните кривични предмети пред надлежниот суд, како и тие по кои во моментот се постапува.

(Фејсбук статус на Владимир Туфегџиќ, адвокат и доскорешен судија)

Share This Article