И германските крематориуми страдаат поради недостиг на гас: „Не можете да ја исклучите смртта“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Свенд-Јоерк Соболевски, претседател на германски конзорциум кој го надгледува кремирањето, тврди дека ако Русите го прекинат снабдувањето со природен гас, повеќето крематориуми би можеле да останат без работа.

Тој наведува и дека оваа индустрија заслужува апсолутен приоритет бидејќи постојано се бори со поскапувањето на природниот гас.

“Што треба да правиме? Не можете да ја исклучите смртта!“, вели Соболевски.

Со ограничени испораки на гас, секторот бара итни начини да заштеди енергија пред зимата.

Русија фрли сенка на неизвесност и вознемиреност над Европа откако го прекина протокот на природен гас низ клучниот гасовод Северен тек 1, наведувајќи ги техничките доцнења.

Акциите на Русија го потресоа поширокиот енергетски пазар, а европските земји се во паника поради зимските резерви. Најлоша е Германија, која веќе почна да ја намалува енергијата низ целата земја – ограничувањето на греењето во различни урбани средини или исклучувањето на рефлектори на градските споменици се некои примери за таква политика за гас.

Како да се применат слични мерки на крематориумите? Краткорочна опција е да се намали просечната температура во крематориумот од 850 на 750 степени Целзиусови, што би можело да заштеди помеѓу 10 до 20% од гасот што се користи во секторот.

Некои крематориуми исто така ги исклучуваат печките додека други продолжуваат да работат со цел печката да не мора да се загрева долго време по употребата.

Германското здружение на погребници предупредува: „Долгорочно, промената на електричната енергија во гас може да биде опција, но оваа енергетска трансформација нема да се случи толку брзо“, пишува Ројтерс.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article