Запорожје e пред катастрофа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси денеска изјави дека најголемата европска нуклеарна централа во Украина, Запорожје е „целосно вон контрола“ и Русија и Украина мора итно да дозволат експерти да го посетат комплексот со цел да се стабилизира ситуацијата и да се избегне нуклеарна катастрофа.

Тој истакна дека ситуацијата секој ден станува се поопасна во Запорожје, во градот Енерходар, што руските сили го зазедоа на почетокот на март.

– Во електраната е прекршен секој принцип на нуклеарна безбедност. Она што е во прашање е крајно сериозно и опасно. Има парадоксална ситуација, централата е контролирана од Русија, но нејзиниот украински персонал продолжува да ги води своите нуклеарни операции, што доведува до неизбежни тензии и конфликти – истакна Гроси.

Тој додаде дека иако МААЕ има одредени контакти со персоналот во нуклеарната централа, тие се „нецелосни“ и многу вознемирувачки. Според него прекинат е синџирот за набавка на опрема и резервни делови.

– МААЕ, исто така, треба да изврши многу важни инспекции за да утврди дека нуклеарниот материјал е заштитен. МААЕ мора да оди во Запорожје, како и во Чернобил, за да ги утврди фактите, што всушност се случува таму, да изврши поправки и инспекции и да спречи да се случи нуклеарна несреќи –  посочи Гроси.

Share This Article