Англискиот фудбалски прволигаш Челзи понудил дури 142 милиони евра за тројца фудбалери на Интер – Милан Шкриниар (27), Дензел Дамфрис (26) и Чезаре Касадеј (19), пренесуваат медиумите на „Оток“.
Најголем дел од „колачот“ се однесува на словачкиот дефанзивец Шкриниар, за кого лондонскиот клуб е подготвен да плати околу 90 милиони евра, холандскиот крилен напаѓач Дамфрис „Сините“ го процениле на 45 милиони евра, додека се подготвени да плати околу 7 милиони евра за младиот италијански играч за врска.
Шкриниар е во Интер од 2017 година кога пристигна од Сампдорија за 20 милиони евра и прерасна во еден од најдобрите европски стопери. Дамфрис минатото лето пристигна во Интер од ПСВ за 12,5 милиони евра, а минатата сезона забележа 45 настапи и постигна пет гола.
Младиот Касадеј е во Интер од 2018 година, но се уште не дебитирал за првиот тим на „нероаѕурите“, но сепак има настапувано за сите млади италијански репрезентации.