„Фолк Фест-Валандово“ не доби пари од Министерството за култура

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јубилејното 35 издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест-Валандово“ не доби финансиски средства како поддршка од програмите на Министерството за култура за негово организирање и одржување.

Според Министерството, организаторите на најреномираниот наш фестивал за новокомпонирана македонска народна песна, наместо да се пријават на конкурсот од областа на фолклорна дејност, аплицирале во областа Музичко сценска дејност каде биле одбиени.

Одбиените апликанти имаат право на жалба во рок од 15 дена, така што и општина Валандово како организатор на фестивалот од национален интерес, има право да се жали и да ја насочи апликацијата на вистинска адреса, велат од Министерството за култура.

– Независно дали ќе добиеме пари или не, јубилејниот „Фолк Фест“ ќе го организираме со сопствени средства кои како локална самоуправа ги имаме планирано во буџетот, а проектот за фестивалот е вметнат и во годишната програма за организирање и одржување на културни настани во општина Валандово – рече градоначалникот Перо Костадинов.

Share This Article