More

    Османи: Обидот на Вучиќ да го дестабилизира Косово со методите на Путин ќе пропадне

    spot_img

    Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на Фејсбук ги коментираше тензиите со Србија откако Владата донесе одлука за отстранување на српските регистарски таблички на автомобилите.

    „Мерката реципроцитет не е насочена против никого, туку е во корист на граѓаните без разлика на нивната припадност. Затоа ги повикувам српските граѓани во Република Косово да не потпаѓаат под влијание на белградската пропаганда“, рече претседателот на Косово.

    Таа посочи дека косовската полиција и сите државни безбедносни институции работат на обезбедување владеење на правото и овозможување слобода на движење.

    „Ние се координираме и работиме неуморно со нашите меѓународни партнери. Обидот на Вучиќ да го дестабилизира Косово со методите на неговиот ментор Путин ќе пропадне“, заклучи Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img