Пејачката Дуа Липа го прекина концертот во Торонто откако во концертната сала експлодирал огномет додека настапот се приближувал кон крајот.
Додека пејачката Дуа Липа го завршувала својот настап во „Scotiabank Arena“ во концертната сала експлодирал импровизиран огномет, па пејачката била принудена да го прекине концертот. Полицијата за медиумите соопшти дека на тројца учесници на концертот им биле зададени полесни повреди. Еден од посетителите на концертот забележа во интервју за медиумите дека многу други присутни веројатно не знаеле дека импровизираниот огномет бил непланиран.
– Беше на крајот, за време на нејзината последна песна, па мислевме дека е дел од финалето. Никому не вознемири, освен луѓето на подиумот, но беше страшно – рече тој.
Луѓето од „Maple Leaf Sports & Entertainment (MLSE)“ исто така се огласија и рекоа дека посетителите на сите настани мора да поминат низ детектори за метал пред да влезат во арената. Компанијата објави и соопштение во врска со настапот на Дуа Липа.
– Синоќа, на крајот од концертот во арената Скотибанк, член од публиката на подот од арената пушти нелегален огномет. Како резултат на тоа, тројца од учесниците добија помош на местото на настанот и можеа да си заминат дома без да им биде потребна дополнителна медицинска помош – рекоа тие, истакнувајќи дека ги известиле надлежните за тоа. Почнавме да работиме на соработка со полицијата во Торонто за целосно да го истражиме овој непромислен и опасен чин – додаваат тие.
По повод овој настан Дуа се огласи на својот Инстаграм профил и рече дека е згрозена од развојот на настанот, а во тек е истрага за овој инцидент.
– Синоќа неовластен огномет беше поставен во толпата за време на мојот концерт во Торонто. Создавањето безбеден и инклузивен простор на моите шоуа е секогаш мој главен приоритет, а јас и мојот тим сме шокирани и збунети од настанот како и сите вие. Истрагата е во тек и сите инволвирани работат напорно за да дознаат како се случил овој инцидент. Оживувањето на шоуто за моите обожаватели беше толку неверојатно искуство и многу ми е жал за секој кој беше исплашен, се чувствуваше несигурно или чие уживање во шоуто беше компромитирано на кој било начин – рече пејачката.